powered_by.png, 1 kB

Почетна
Граѓанска Асоцијација МОСТ Ви посакува среќни празници
Image
 
Меѓународен ден на демократијата - Отворен Парламент

Преку отворени врати за сите граѓани и трибина, Собранието на Република Македонија во соработка сo Граѓанска асоцијација МОСТ ќе го одбележи 15 септември, Меѓународниот ден на демократијата.

Во периодот помеѓу 9 и 17 часот, вратите на Собранието ќе бидат отворени за граѓаните од сите градови на Р Македонија,  кои ќе сакаат да се запознаат со улогата и функционирањето на највисокиот законодавен дом и да ги разгледаат просториите во кои работат пратениците. Свој придонес во одбележувањето на денот ќе дадат и училиштата, преку организирани групи на ученици.

Со почеток во 12:00 часот, во Уставна сала, ќе започне дискусија на тема: “Кон зголемено учество на граѓанскиот сектор во контролната и законодавната улога на Собранието“, каде што претставниците на граѓанскиот сектор, експерти и пратеници ќе ги разменат своите мислења и ставови.

Ова е втора година како Македонија се вклучува во одбележувањето на Меѓународниот ден на демократијата, 15 септември.

покана 

 
Претседателски и Локални Избори 2009 - Финален извештај
Граѓанската Асоцијација МОСТ ви го презентира  Финалниот извештај  од набљудувањето на Претседателските и Локалните Избори 2009.
 
Набљудувањето на изборите клучно за транспарентност на изборниот процес
СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИ
19.06.2009, Струмица

НАБЉУДУВАЊЕТО НА ИЗБОРИТЕ КЛУЧНО ЗА ТРАНСПАРЕНТНОСТ НА ИЗБОРНИОТ ПРОЦЕС
Потребни се стандарди кои ќе ги почитуваат домашните набљудувачи

 На тема “Улогата на домашните набљудувачи и стандардите за набљудување на изборите“  во хотел Сириус,  во Струмица, започна дводневна конференција во организација на Граѓанска Асоцијација МОСТ.

Конференцијата ја отвори Татјана Бундалевска од Британската амбасада во Скопје,  поддржувачи на конференцијата, посочувајќи дека домашното набљудување е главната алка на регуларноста на еден процес преку која се поврзуваат и преплетуваат улогите на ДИК, медиумите, избирачките одбори и  на граѓаните.

Претставникот на ОБСЕ, Мари Карин фон Гумпенберг нагласи: “Изборите не се само денот на гласање, туку тоа е процес кој е константен и трае од распишување на изборите па се до верификување на мандатите на избраните претставници.

повеќе...
 
Соопштение за јавност 19:00 часот, 19.04.2009

Претседателски и Локални избори 2009

СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИ
19.04.2009, Скопје

Гласањето на вториот круг од Локалните избори, Граѓанската асоцијација МОСТ го следеше со 149 набљудувачи, кои покрија околу 65 проценти од 123 избирачки места на територијата на општините Зелениково, Студеничани, Долнени, Маврово и Ростуше и Чучер Сандево, каде се гласаше вториот круг.

Според информациите од набљудувачите и регионалните координатори, сите избирачки места на кои МОСТ имаше свои набљудувачи беа затворени навреме.

Во текот на денот, набљудувачите на МОСТ констатираа повеќе случаи на семејно гласање на  11 гласачки места во општина Долнени како и на 3 гласачки места во општина Студеничани, каде е забележано и нарушување на тајноста на гласањето во повеќе наврати.

Покрај тоа, во општина Долнени, забележани се и повеќе случаи на исти лица кои им помагаат на гласачите.

Граѓанската асоцијација МОСТ ќе го следи и броењето на гласовите и табелирањето на резултатите.

Наодите од овој круг на гласање, како и од претходните два изборни дена, на јавноста ќе и бидат претставени во финалниот извештај за Локалните избори 2009, што ќе го издаде Граѓанската асоцијација МОСТ.

# # # # #

Забелешка: Содржината на ова соопштение е одговорност на МОСТ и не секогаш ги отсликува погледите или ставовите на УСАИД или Владата на САД ниту пак погледите или ставовите на Амбасадата на Кралството Холандија, Шведската меѓународна агенција за развој, Амбасадата на Сојузна Република Германија, Швајцарската агенција за меѓународен развој, Амбасадата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Набљудувачката мисија на ОБСЕ во Скопје и Амбасада на Република Чешка.

 
Соопштение за јавност 14:30 часот, 19.04.2009

Претседателски и Локални избори 2009

СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИ- 14:30 часот
19.04.2009, Скопје

Граѓанската асоцијација МОСТ денешното гласање го следи со 149 набљудувачи, кои покриваат околу 65 проценти од 123 избирачки места на територијата на општините Зелениково, Студеничани, Долнени, Маврово и Ростуше и Чучер Сандево, каде се гласа вториот круг од локалните избори.

Набљудувачите на МОСТ се статични, и ќе го следат процесот на гласање во текот на целиот ден. Покрај тоа, има и мобилни тимови, кои ќе служат за логистичка поддршка на статичните набљудувачи и ќе ги набљудуваат повремено местата на кои МОСТ нема статични набљудувачи.

Според информациите од набљудувачите и регионалните координатори отворени се сите гласачки места на кои МОСТ има распоредено свои набљудувачи. Досега, забележано е:

  • На гласачките места 1475 и 1476, Црнилиште, општина Долнени, регистрирани се случаи на семејно гласање.
  • На гласачкото место 1459, Десово, како и на гласачките места 1209 и 1210, Житоше, општина Долнени пријавени се случаи на семејно гласање.
  • И на гласачките места 1211, Локвени и на 1472 и 1473, Лажани, општина Долнени исто така се пријавени случаи на семејно гласање.
  • Случаи на семејно гласање и нарушување на тајноста на гласањето забележани се на гласачкото место 2347 во Студеничани, како и нa 2350 во Батинци и 2358 во Цветово, сите во општина Студеничани.

Во текот на денот, за граѓаните кои сакаат да пријават евентуални нерегуларности или да дадат информации поврзани со изборниот процес, ќе биде отворена бесплатната телефонска линија 080 080 080.

Информациите за текот на денешното гласање, Граѓанската асоцијација МОСТ ќе ги објавува на интернет страната www.most.org.mk.

# # # # #

Забелешка: Содржината на ова соопштение е одговорност на МОСТ и не секогаш ги отсликува погледите или ставовите на УСАИД или Владата на САД ниту пак погледите или ставовите на Амбасадата на Кралството Холандија, Шведската меѓународна агенција за развој, Амбасадата на Сојузна Република Германија, Швајцарската агенција за меѓународен развој, Амбасадата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Набљудувачката мисија на ОБСЕ во Скопје и Амбасада на Република Чешка.

За дополнителни информации: Граѓанска асоцијација МОСТ, телефон 02/30 99 384

 
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 Следна > Крај >>

© 2010 www.most.org.mk