powered_by.png, 1 kB

Почетна
СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИ- 19:00 часот

Претседателски и Локални избори 2009

СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИ- 19:00 часот
22.03.2009, Скопје

Информациите кои во текот на денешниот ден Граѓанската Асоцијација МОСТ ги презентира пред јавноста се добиени од 3750 распоредени набљудувачи на гласачките места. Сите дојавени информации, преку систем на внатрешна проверка, МОСТ ги проверува и јавноста ја известува само за потврдени информации. Во процесот на набљудување, а и како дел од Меѓународната мрежа на организации за домашно набљудување на изборите (ЕНЕМО), МОСТ се води од меѓународните стандарди за домашно набљудување на избори и известување на јавноста, притоа почитувајќи го Кодексот за домашни набљудувачи пропишан од страна на ДИК.

Според потврдените информации, забележани се следните нарушувања на изборниот процес:

  • Гласачко место 0094 Битола, забележани се 23 случаи на гласање без употреба на УВ ламба.
  • На гласачкото место 1130 во село Лојане, општина Липково појавени се ливчиња со сериски броеви од друго гласачко место. Заради ова гласањето било во прекин 20 минути, и после направениот увид, истото продолжило.
  • На Гласачко место 2876 Чаир не работела УВ ламбата, но по интервенцијата направена од страна на ИО донесена е нова УВ ламба и гласањето продолжило.
  • На гласачките места во ОУ 26 Јули во општина Шуто Оризари забележана е појава на семејно гласање.
  • На ГМ 2234 Чашка, општина Чашка забележана е појава не непочитување на процедурата на гласање, односно непроверување на палец на гласачите.
  • На гласачкото место 279 с. Лисичани, општина Пласница забележана е константна појава на семејно гласање.
  • На ГМ 278 с. Пласница, Пласница гласањето било во прекин 1 час и 30 минути поради увид од страна на ОИК заради настанато недоразбирање околу гласачко ливче. Гласањето продолжило.
  • На ГМ 2920, Бутел не е почитувана процедурата на кинење на гласачките ливчиња од кочанот, така што ливчињата на гласачите им биле давани заедно со серискиот број. После направената интервенција, гласањето продолжило согласно пропишаната процедура.

Според податоците добиено од ПВТ програмата, одзивот на гласачите за Претседателските избори 2009 до 14 часот гласале  35,6%, до 15 часот 42,1%, до 16 часот 47,3%, до 17 часот 51,9% и до 18 часот  56,2% од запишаните гласачи.

На изборите за градоначалник и советници на град Скопје до 14 часот гласале 32,6%, до 15 часот    38,3%, до 16 часот 43,1%, до 17 часот 47,5% и до 18 часот 51,9% од запишаните гласачи

# # # # #

 За дополнителни информации: Граѓанска асоцијација МОСТ, телефон 02/30 99 384

 
СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИ- 14:00 часот

Претседателски и Локални избори 2009

СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИ- 14:00 часот
22.03.2009, Скопје

  

Информациите кои што МОСТ ги доби од своите набљудувачи и регионални координатори говорат дека гласањето за Локалните и Претседателските избори воопшто не е започнато на 92 гласачки места од оние на кои МОСТ има распоредено свои набљудувачи.

Според потврдените информации, забележани се следните нарушувања на изборниот процес:

  • На гласачкото место 1421 општина Прилеп на гласачите јавно им се чита името и презимето од страна на членовите на избирачкиот одбор и истите се заведуваат од страна на овластените набљудувачи на подносителите на листи.
  • 1905 и 1906 с. Лабуништа, општина Струга забележано е агитирање пред избирачките места.
  • Во општина Аеродром, пред ГМ 2737 Горно Лисиче, се делат листови со инструкции како и за кого да гласаат избирачите.
  • 1919 с. Дабовјани, општина Струга од отворањето на гласачкото место гласањето се одвива без никаква идентификација на гласачите.
  • 1101 с. Черкези, општина Куманово забележана е неадекватна употреба на УВ ламбата.
  • На ГМ 2396, 2399 и 2407 во општина Илинден забележан е притисок врз гласачите да гласаат јавно на самото гласачко место.
  • На гласачкото место 1130 с. Лојане општина Липково, гласањето е прекинато поради несоодветен гласачки материјал кој го поседувал избирачкиот одбор.
  • На ГМ 2879 општина Чаир во материјалот за гласање недостасуваат 300 ливчиња, ИО добил инструкција да го продолжи гласањето.

Според податоците добиено од ПВТ програмата , одзивот на гласачите за градоначалник и советници на град Скопје до 11 часот бил 13,59 %, до 12 часот бил 19,60%, а до 13 часот 25,93%.

На изборите за Претседателските избори до 11 часот гласале 14,36%, до 12 часот 21,11%, а до 13 часот 27,82% од запишаните гласачи.

# # # # #

За дополнителни информации: Граѓанска асоцијација МОСТ, телефон 02/30 99 384

 
СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИ- 11:30 часот

Претседателски и Локални избори 2009

СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИ- 11:30 часот
22.03.2009, Скопје

 

Според информациите добиени од набљудувачите и регионалните координатори до 11,00 часот не се отворени следните гласачки места:

  • Во општина Студеничани, гласачко место 2343 село Вртекица, 2344 с. Рамни Габер, 2355 с. Горно Количани, 2352 с. Драчевица и 2356 с. Црвена Вода, 2357 с. Алдинци, 2358 с. Стрезово, 2361 с. Елово, 2359 с. Црн Врв, 2360 с. Малчиште
  • Исто така не е отворено и гласачкото место  1168 во  Старо Нагоричане
  • 1134, с. Кокошиње, 1135 и 1140 во општина Куманово
  • 2373 с. Добрино, оштина Зелениково
  • 0492 с. Никофорово, 0494 с. Маврови Анови и 0497 с. Ново Село во општина Маврово и Ростуше исто така не се отворени.
  • 1892 с. Присовјани, општина Струга.
  • 1335 с. Скребатно и 1331 с. Турје општина Охрид.
  • 493 с. Врбен општина општина Маврово и Ростуше
  • 1168 с. Жељувино општина Старо Нагоричане
  • 1614 с. Скоруша, 1616 с. Гормен општина Конче
  • 1606 с. Кос Бунар и 1620 с. Мијленци општина Радовиш
  • 893 с. Безиково, 896 с. Главовица и 897 с. Небојане општина Кочани

 

Гласачките места:

  • 2201 и 2005 општина Чашка се отворени со задоцнување
  • 0462 с. Пожаране, оштина Врапчиште, е отворено во 09,30 часот.
  • 777- село Попоец, општина Другово е отворено во 09,30 часот
  • 489 с. Беличица општина Маврово и Ростуше е отворено во 09,30 часот

 

Забележани се и следните нерегуларности:

  • 1308 Охрид од почетокот на гласањето до моментот на дојавата 78 гласачи се потпишале само во еден избирачки список, а гласале на двата избори.
  • 1909, 1905, 1907  село Лабуништа, општина Струга забележана е нодоследност во спроведување на процедурата на гласање. Заедно со гласачките ливчиња, гласачите ги добивале и личните карти назад.
  • 2801 во Општина Центар искинат е јавноситакнатиот распоред на гласчките места.

 

Одзивот на гласачите за Претседателските избори 2009 до 09 часот бил 4,89% а до 10 часот 8,40.
На изборите за градоначалник и советници на град Скопје до 09 часот 4,72% а до 10 часот 8,40%.

# # # # #

За дополнителни информации: Граѓанска асоцијација МОСТ, телефон 02/30 99 384

 
СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИ- 09:00 часот

Претседателски и Локални избори 2009

СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИ- 09:00 часот
22.03.2009, Скопје

 

Граѓанската асоцијација МОСТ со 3750 набљудувачи ќе го следи гласањето на Претседателските и Локалните избори 2009. Овие набљудувачи ќе покријат околу 65 проценти од 2976 избирачките места на територијата на Р Македонија.

Набљудувачите на МОСТ се статични, и ќе го следат процесот на гласање во текот на целиот ден. Покрај тоа, има и мобилни тимови, кои ќе служат за логистичка поддршка на статичните набљудувачи и ќе ги набљудуваат повремено местата на кои МОСТ нема статични набљудувачи.

Според информациите од набљудувачите и регионалните координатори досега не се отворени следните гласачки места:

  • Горачино, Почивало, Брест и Степанци, во општина Штип.
  • 618 Горна Цера и Саса во општина Македонска Каменица.
  • Гласачко место 895, с. Костин Дол, Кочани
  • Во општина Студеничани, гласачко место 2343 село Вртекица
  • Не се отворени и гласачките места 766 село Ехловец, 770 село Кладник и 773 село Малкоец, 777- село Попоец, 769 село Јудово, 767 село Иванчишта, 761 село Душогубица и 772 село Лавцани, во општина Другово
  • Исто така не се отворени и гласачките места 1160, 1168 и 1169 во Старо Нагоричане
  • Во општина Крива Паланка не се отворени гласачките места 959 с. Б’с, 971 с.Габар, с. Метезево, с. Дренак и с. Нерав
  • Како и местата 992 с. Герман и 993 с.Станца, општина Ранковце
  • Во општина Кратово не се отворени гласачките места 903 с. Емирица, 904 с. Кнежево, 905 с. Каврак, 906 с. Мушково, 907 с. Незилово, 919 с. Датомир.
  • 0492 с. Никофорово, 0494 с. Маврови Анови и 0497 с. Ново Село во општина Маврово и Ростуше исто така не се отворени.
  • Како и 1892 с. Присовјани, општина Струга.
  • 2111 с. Горна Лешница, општина Желино.
  • 234 с. Горно Крушје општина Македонски Брод како и 270 с. Косово и 251 с. Долно Ботушје.
  • 1335 с. Скребатно, општина Охрид.

 

Во сите случаи причина за неотворање на гласачките места е непроодност на патот и неповолни временски услови.

  • Гласачко место 2100 село Ларце, општина Желино- гласачкото место е отворено со 10 минути задоцнување.
  • 1342 с. Свињишта е отворено со задоцнување, општина Охрид.
  • 1427 с. Голем Радобил и 1428 с. Мал Радобил општина Прилеп се отворени со задоцнување.
  • Во оштина Сарај на глсачките места 2444 и 2443 погрешно се доставени, односно се заменети, гласачките материјали.
Во текот на денот, за граѓаните кои сакаат да пријават евентуални нерегуларности или да дадат информации поврзани со изборниот процес, ќе биде отворена бесплатната телефонска линија 080 080 080. Доколку граѓаните не се сигурни каде можат да го остварат своето право на глас, со внесување на своите податоци можат да проверат на интернет страната www.izbirackispisok.gov.mk.
 
Прес конференција 21.03.2009
 Во рамките на активностите од проектот „Домашно набљудување на Претседателските и Локалните избори 2009“ Граѓанската асоцијација МОСТ одржа КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА МЕДИУМИ.

Граѓанската асоцијација МОСТ ќе распореди 3750 набљудувачи, за следење на гласањето на Претседателските и Локалните избори 2009. Овие набљудувачи ќе покријат околу 65 проценти од 2976 избирачките места на територијата на Р Македонија.

Набљудувачите на МОСТ ќе бидат статични, и ќе го следат процесот на гласање во текот на целиот ден. Покрај тоа, ќе има и мобилни тимови, кои ќе служат за логистичка поддршка на статичните набљудувачи и ќе ги набљудуваат повремено местата на кои МОСТ нема статични набљудувачи.

Граѓанската асоцијација МОСТ упатува уште еден апел за одржување на фер, демократски и мирен изборен процес, кој што им е повеќе од потребен на граѓаните на Р Македонија. МОСТ верува дека учесниците во изборниот процес ќе покажат демократска култура и политичка волја и ќе ги стават државните пред партиските интереси.

Во текот на изборниот ден, МОСТ ќе оддржи пет прес конференции на кои јавноста ќе биде информирана за текот на изборниот ден. Четири од прес конференциите ќе се оддржат во 9:00, 11:30, 14:00 и 19:00. Времето на последната прес конференција ќе биде објавено дополнително.

Соопштението за медиуми го имате на повеќе

повеќе...
 
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 Следна > Крај >>

© 2010 www.most.org.mk