|
СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИ- 11:30 часот, 05.04.2009 |
|
Претседателски и Локални избори 2009 СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИ- 11:30 часот 05.04.2009, Скопје Граѓанската асоцијација МОСТ потсетува дека 3750 распоредени набљудувачи на гласачките места, може да се препознаат по жолтите маици, на кои на предната страна покрај логото на МОСТ е напишано “Мониторинг 2009“ и задолжително истите поседуваат акредитација од ДИК и овластување од Граѓанска асоцијација МОСТ. Ова е особено важно заради распознавање на нашите и другите домашни и странски набљудувачи. Информациите од распоредените набљудувачи и регионалните координатори говорат дека: - На гласачкото место 1991 во Мала Речица, Тетово, забележани се случаи на семејно гласање.
- На гласачкото место 2006, Џепчиште, Тетово, забележани се случаи на гласање без проверка со УВ ламба.
- На ГМ 1255, Охрид, забележано е гласање без проверка на гласачите со УВ ламба.
- Во Тетово, гласачко место 1945, забележана е појава на систематска неупотреба на УВ ламба.
- На гласачкото место 2074 во Боговиње, забележани се случаи на семејно гласање.
- Пред гласачкото место 2160, Велес, забележано е агитација од страна на лица со партиски обележја.
- На гласачкото место 2243 Чашка, имало 10 минутен прекин на гласањето поради недоразбирање помеѓу ИО и гласач, поради тоа што гласачот јавно гласал. Гласањето продолжило.
Според податоците добиени од ПВТ (програмата за паралелно пребројување на гласовите) одзивот на гласачите на Претседателските избори 2009 до 09,00 часот е 4,82%, а до 10,00 часот 8,28%. Одзивот на гласачите за Градоначалник на Град Скопје до 09,00 часот е 4,69%, а до 10,00 часот 8,38%. Во текот на денот, за граѓаните кои сакаат да пријават евентуални нерегуларности или да дадат информации поврзани со изборниот процес, ќе биде отворена бесплатната телефонска линија 080 080 080. Доколку граѓаните не се сигурни каде можат да го остварат своето право на глас, со внесување на своите податоци можат да проверат на интернет страната www.izbirackispisok.gov.mk. # # # # # Забелешка: Содржината на ова соопштение е одговорност на МОСТ и не секогаш ги отсликува погледите или ставовите на УСАИД или Владата на САД ниту пак погледите или ставовите на Амбасадата на Кралството Холандија, Шведската меѓународна агенција за развој, Амбасадата на Сојузна Република Германија, Швајцарската агенција за меѓународен развој, Амбасадата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Набљудувачката мисија на ОБСЕ во Скопје и Амбасада на Република Чешка. За дополнителни информации: Граѓанска асоцијација МОСТ, телефон 02/30 99 384 |
|
|
СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИ- 09:00 часот, 05.04.2009 |
|
Претседателски и Локални избори 2009 СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИ- 09:00 часот 05.04.2009, Скопје Граѓанската асоцијација МОСТ денешното гласање ќе го следи со 3750 набљудувачи, кои ќе покријат околу 65 проценти од 2976 избирачки места на територијата на Р Македонија. Набљудувачите на МОСТ се статични, и ќе го следат процесот на гласање во текот на целиот ден. Покрај тоа, има и мобилни тимови, кои ќе служат за логистичка поддршка на статичните набљудувачи и ќе ги набљудуваат повремено местата на кои МОСТ нема статични набљудувачи. Според информациите од набљудувачите и регионалните координатори отворени се сите гласачки места на кои МОСТ има распоредено свои набљудувачи. Досега, забележано е: - Гласачкото место 2199, Сливник, општина Велес е отворено со задоцнување од 20 минути, поради непристапноста на патот.
- Гласачкото место во општина Студеничани, 2354 кое досега се наоѓаше во Пагаруша е префрлено во Долно Количани.
- Гласачкото место 1911 во Подгорци, општина Струга, не е отворено, поради тоа што недостасувал печатот.
Во текот на денот, за граѓаните кои сакаат да пријават евентуални нерегуларности или да дадат информации поврзани со изборниот процес, ќе биде отворена бесплатната телефонска линија 080 080 080. Доколку граѓаните не се сигурни каде можат да го остварат своето право на глас, со внесување на своите податоци можат да проверат на интернет страната www.izbirackispisok.gov.mk. # # # # # Забелешка: Содржината на ова соопштение е одговорност на МОСТ и не секогаш ги отсликува погледите или ставовите на УСАИД или Владата на САД ниту пак погледите или ставовите на Амбасадата на Кралството Холандија, Шведската меѓународна агенција за развој, Амбасадата на Сојузна Република Германија, Швајцарската агенција за меѓународен развој, Амбасадата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Набљудувачката мисија на ОБСЕ во Скопје и Амбасада на Република Чешка. За дополнителни информации: Граѓанска асоцијација МОСТ, телефон 02/30 99 384 |
|
|
Најава за конференции за медиуми 05.04.2009 |
|
Граѓанската Асоцијација МОСТ ќе оддржи конференции за медиуми на денот на Претседателските и локалните избори 2009, 05.04.2009, во следново време: - 9,00 часот
- 11,30 часот
- 14,00 часот
- 17,00 часот
- 19,00 часот
- Времето на последната конференција за медиуми ќе биде објавено дополнително.
Сите конференции за медиуми на МОСТ ќе се оддржат во Музејот на Град Скопје. |
|
|
Прес конференција 03.04.2009 |
|
Во рамките на активностите од проектот „Домашно набљудување на Претседателските и Локалните избори 2009“ Граѓанската асоцијација МОСТ одржа КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА МЕДИУМИ. Граѓанската асоцијација МОСТ ќе го набљудува гласањето на 5 април 2009 година, како и денот на предвременото гласање на болните и немоќни лица, затворениците и раселените лица. За ефикасно набљудување ќе бидат ангажирани 3750 набљудувачи, на целата територија на Република Македонија. Во насока на спроведување на фер и демократски процес, Граѓанската асоцијација МОСТ апелира гласањето да биде спроведено во мирна и во фер атмосфера, но и со комплетно почитување на законската процедура, каде секој граѓанин ќе може да го аплицира уставно загарантираното право за тајно гласање, без притисоци, закани и какви било нарачки и ветувања. Соопштението за медиуми го имате на повеќе |
|
повеќе...
|
|
|
Прелиминарна изјава 23.03.2009 |
|
Претседателски и Локални избори 2009 Прв круг Прелиминарна изјава 23.03.2009, Скопје ПРЕЛИМИНАРНА ОЦЕНКА НА МОСТ ЗА ИЗБОРИТЕ 2009 Граѓанската асоцијација МОСТ го следеше гласањето на Претседателските и Локалните избори 2009 со 3750 набљудувачи. Овие набљудувачи покрија повеќе од 60 проценти од избирачките места на кои беше спроведено гласањето. Набљудувачите на МОСТ беа статични, и го следеа процесот на гласање во текот на целиот ден. Покрај тоа, Граѓанската асоцијација МОСТ распореди и 84 мобилни тимови, кои служеа како логистичка поддршка на статичните набљудувачи и ги набљудуваа повремено местата на кои МОСТ немаше статични набљудувачи. Според информациите добиени од набљудувачите и дваесет и осумте регионални координатори прелиминарната оценка на Граѓанската асоцијација МОСТ е дека гласањето на 22 март 2009 беше спроведено во мирна атмосфера и во најголем дел во согласност со меѓународните стандарди. Како и да е забележани се неправилности во спроведувањето на процедурата на гласање, како и случаи на семејно и групно гласање. На изборниот ден не беа забележани никакви инциденти во и околу избирачките места. Набљудувачите најчесто известуваа за неправилности од типот на семејно гласање, групно гласање, пропусти во раководењето со избирачките списоци, нарушена тајност на гласање на неколку места како и делење на листови со инструкции како и за кого да гласаат избирачите. Според потврдените информации исто така беше забележано и гласање без употреба на УВ ламба и безбоен спреј, како и неадекватна идентификација на гласачите. МОСТ потсетува дека ова беше прв круг на гласање и дека сите засегнати страни во овој изборен процес мора напорно да работат на отстранување на забележаните пропусти во спроведувањето на процедурата, за истите да не се појавуваат и повторуваат на вториот круг од гласањето. Информациите кои што МОСТ ги доби од своите набљудувачи и регионални координатори говорат дека гласањето за Локалните и Претседателските избори, поради неповолните временски услови, воопшто не беше започнато на 92 гласачки места од оние на кои МОСТ имаше распоредено свои набљудувачи. МОСТ го поздравува организираниот и координиран влог на сите релевантни институции за да се овозможи пристап до гласачките места и да се достави избирачкиот материјал. Исто така МОСТ изразува голема благодарност до сите граѓани кои несебично ги помогнаа напорите на домашно, непартиско набљудување на изборите и кои беа дел од големото семејство на МОСТ. Врз основа на податоците добиени од ПВТ (програмата за паралелно пребројување на гласовите) добиени се следните резултати за кандидатите за Претседател: 1. Имер Селмани- 15,2% 2. Мируше Хоџа- 3,4% 3. Нано Ружин- 3,9% 4. Ѓорге Иванов- 34,8% 5. Љубе Бошковски- 14,8% 6. Агрон Буџаку- 7,9% 7. Љубомир Данаилов Фрчковски- 20,1% Добиените податоци се со 95% сигурност и со маргина на грешка не повеќе од 3%. Сакаме да напоменеме дека маргината на грешка не може да влијае во рангирањето на првата и втората позиција. Што се однесува до останатите петмина кандидати постои можност за промена на нивните позиции, во рамките на оваа маргина на грешка. Резултатите за градоначалник на град Скопје, добиени врз основа на истата програма се: 1 | Коце Трајановски | 46,14% | 2 | Тито Петковски | 27,38% | 3 | Шевчет Зеколи | 10,72% | 4 | Аргтим Нагавци | 5,77% | 5 | Мирјана Најчевска | 3,62% | 6 | Лазар Еленовски | 2,72% | 7 | Драги Колчаковски | 1,24% | 8 | Страшо Ангеловски | 1,09% | 9 | Јанко Бачев | 0,52% | 10 | Душко Поповски | 0,50% | 11 | Д-р Трпе Груевски | 0,30% | Процентите на освоени гласови за кандидатските листи на советници на град Скопје се: 1 | ВМРО-ДПМНЕ | 35,81% | 2 | СДСМ | 20,62% | 3 | ДУИ | 10,65% | 4 | ЛДП | 6,06% | 5 | Нова Демократија | 5,96% | 6 | ВМРО - НП | 5,41% | 7 | Сојуз на Титови леви сили | 2,43% | 8 | Мила | 2,02% | 9 | ВМРО-ДП и ТМОРО-ВЕП | 1,59% | 10 | НСДП | 1,53% | 11 | Заедно за Шуто Оризари | 1,36% | 12 | ДПА | 1,28% | 13 | Социјалдемократска Унија | 1,27% | 14 | Нова Алтернатива | 0,94% | 15 | Партија за движење на Турците | 0,94% | 16 | ПОДЕМ | 0,92% | 17 | Либерална партија | 0,82% | 18 | Народно Движење за Македонија | 0,39% | Односно: ВМРО-ДПМНЕ | 19 | СДСМ | 11 | ДУИ | 5 | ЛДП | 3 | Нова Демократија | 3 | ВМРО - НП | 2 | Сојуз на Титови леви сили | 1 | Мила | 1 | Добиените податоци се со 95% сигурност и со маргина на грешка не повеќе од 3%. # # # # # Забелешка: Содржината на ова соопштение е одговорност на МОСТ и не секогаш ги отсликува погледите или ставовите на УСАИД или Владата на САД ниту пак погледите или ставовите на Амбасадата на Кралството Холандија, Шведската меѓународна агенција за развој, Амбасадата на Сојузна Република Германија, Швајцарската агенција за меѓународен развој, Амбасадата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Набљудувачката мисија на ОБСЕ во Скопје и Амбасада на Република Чешка.
За дополнителни информации: Граѓанска асоцијација МОСТ, телефон 02/30 99 384 |
|
|
СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИ- 24:00 часот |
|
Претседателски и Локални избори 2009 СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИ- 24:00 часот 22.03.2009, Скопје Граѓанската асоцијација МОСТ, текот на Претседателските и Локалните избори 2009 го набљудуваше со распоредени 3750 набљудувачи, кои покриваа околу 65% од гласачките места.
Врз основа на податоците добиени од ПВТ (програмата за паралелно пребројување на гласовите) добиени се следните резултати: - Имер Селмани- 15,2%
- Мируше Хоџа- 3,4%
- Нано Ружин- 3,9%
- Ѓорге Иванов- 34,8%
- Љубе Бошковски- 14,8%
- Агрон Буџаку- 7,9%
- Љубомир Данаилов Фрчковски- 20,1%
Излезноста на граѓаните за Претседателските избори е 58,1%. Добиените податоци се со 95% сигурност и со маргина на грешка не повеќе од 3%. Сакаме да напоменеме дека маргината на грешка не може да влијае во рангирањето на првата и втората позиција. Што се однесува до останатите петмина кандидати постои можност за промена на нивните позиции, во рамките на оваа маргина на грешка. ПВТ центарот работи на собирање на податоците за Локалните избори за град Скопје и истите ќе бидат дополнително соопштени. # # # # # За дополнителни информации: Граѓанска асоцијација МОСТ, телефон 02/30 99 384 |
|
| << Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 Следна > Крај >>
| |