|
Предвремени парламентарни избори 2008 СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИ 01.06.2008, Скопје – 23:30 часот Според податоците добиени од ПВТ (паралелно пребројување на гласовите) програмата, која претставува математичко - статистичка научна метода, Граѓанската асоцијација МОСТ ја објави распределбата на мандатите во изборните единици 2, 3, 4 и 5. Податоците од изборните единици 1 и 6 не се објавени заради низата нерегуларности кои се случија во текот на денот на избирачките места во овие изборни единици, а за кои МОСТ известуваше. Нерегуларностите сериозно влијаеа врз репрезентативноста на примерокот, при што неможе да се добие точен податок кој ќе ја одразува вољата на гласачките групи. Согласно ПВТ програмата, одѕивот на гласачите по Изборни единици е следниот:
| 19 часот (во %) | ИЕ 2 | 55,34 | ИЕ 3 | 60,58 | ИЕ 4 | 62,39 | ИЕ 5 | 54,27 | Според обработените податоци од ПВТ примерокот, со можност за грешка од +/- 1%, распоредот на местата е следниот: ИЕ2 Коалиција ВМРО ДПМНЕ- 12 Сонце. Коалиција за Европа- 4 ДУИ- 3 ДПА- 1 Неважечки ливчиња:2,5% ИЕ 3 Коалиција ВМРО ДПМНЕ- 14 Сонце. Коалиција за Европа- 6 Неважечки ливчиња:1,75% ИЕ 4 Коалиција ВМРО ДПМНЕ- 13 Сонце. Коалиција за Европа- 7 Неважечки ливчиња: 1,45% ИЕ 5 Коалиција ВМРО ДПМНЕ- 12 Сонце. Коалиција за Европа- 5 ДУИ- 2 ДПА-1 Неважечки ливчиња: 1,58
|