Предвремени парламентарни избори 2008
СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИ
01.06.2008, Скопје – 19:00 часот
Информациите од набљудувачите на Граѓанската асоцијација МОСТ, за текот на денешното гласање говорат дека се забележани следните неправилности на гласачките места кои се однесуваат на процедурата на гласање, внатре во избирачките места:
-ИМ 2077 Ново Село, општина Боговиње е затворено поради тоа што неидентификувани лица влегле во гласачкото место.
-На ИМ 2065 Камник, Боговиње неидентификувана група на лица направила неред на избирачкото место при што е избркан набљудувачот на МОСТ.
-На 2107 Желино, општина Желино, повлечен е набљудувачот на МОСТ поради тоа што е наполнета гласачката кутија.
-Од избирачките места кои се наоѓаат во Средното земјоделско училиште во Тетово повлечени се набљудувачите на МОСТ заради инциденти кои таму се случиле. Имено на 1990 украдени се околу 100 ливчиња, на 1991 во текот на целиот ден не е почитувана процедурата за гласање, а во 1992 наполнета е гласачката кутија. При обидот мобилен тим на МОСТ да изврши увид и да ги потврди добиените информации, еден од членовите на тимот е турнат и уништени му се акредитациите.
-На ИМ 2679, Аеродром, Скопје, избирачкиот одбор ја отворил кутијата за да им стави печати на задната страна на ливчињата, бидејќи претходно им немале удрено печат.
-На ИМ 2174 Велес, имало два кратки прекини поради непочитување на процедурата за гласање. Гласањето продолжило.
-На ИМ 304 Виница, имало физичка пресметка помеѓу претставници на политички партии, при што интервенирала полицијата.
-На ИМ 1309 Охрид забележано е непочитување на процедурата за гласање.
-На ИМ 0404, 0405 и 0406 Чајле, Гостивар настанала тепачка при што земени се гласачките кутии и гласањето е прекинато.
-На ИМ 2007 и 2008, с. Непроштено, Теарце забележано е полнење на гласачките кутии.
-ИМ 1000 и 1033 во Куманово се затворени од страна на ОИК.
-На ИМ 1929, 1930 и 1932 ОУ Наим Фрашери, Тетово влегле вооружени лица и ги наполниле кутиите. Набљудувачите на МОСТ се повлечени.
-На ИМ 550, с. Хаме, Дебар кутијата била наполнета по што од страна на ОИК е затворено гласачкото место.
На 080 080 080, МОСТ доби пријави од граѓани кои тврдеа дека на ИМ 2739, Кисела Вода, и покрај тоа што тие не гласале веќе биле забележани во ИС како да го оствариле своето право на глас. Покрај тоа имаше и дојави од граѓани за заплашување пред избирачките места, притисоци, агитирање, пропусти во спроведувањето на процедурата на гласање и организиран превоз на гласачите.
Според податоците добиени од ПВТ (паралелно пребројување на гласовите) програмата, која претставува математичко - статистичка научна метода, одѕивот на гласачите по Изборни единици е следниот:
| 14 часот (во%) | 15 часот (во%) | 16 часот (во%) | 17 часот (во %) | 18 часот (во %) |
ИЕ 1 | 39,81 | 43,63 | 47,25 | 50,79 | 55,88 |
ИЕ 2 | 33,93 | 37,70 | 41,54 | 45,15 | 50,21 |
ИЕ 3 | 35,43 | 39,73 | 44,19 | 48,65 | 54,41 |
ИЕ 4 | 31,61 | 36,19 | 40,83 | 46,69 | 54,26 |
ИЕ 5 | 30,26 | 34,50 | 38,52 | 42,79 | 47,99 |
ИЕ 6 | 35,74 | 39,93 | 43,85 | 47,60 | 50,91 |