|
Во рамките на програмата Отворени институции, Граѓанската асоцијација МОСТ организира Конференција на тема “Институционални механизми за соработка помеѓу Собранието и Граѓанскиот сектор во Република Македонија“ Конференцијата ќе се одржи на 18 јуни 2010(петок), со почеток во 11,30часот, во Хотел Холидеј Ин, Скопје(Милениум1). Конференцијата има за цел да придонесе кон воспоставување на институционални механизми за соработка помеѓу Собранието и Граѓанскиот сектор во Република Македонија. Учество на конференцијата ќе земат пратеници од Собранието на Р Македонија, вработени во службите на Собранието како и претставници од граѓанските организации, експерти и медиуми. Агенда за конференцијата
|