|
За потребите на сопственото финансиско работење, Граѓанската асоцијација МОСТ објавува: О Г Л А С за слободно работно место за позицијата Финансиски асистент
Потребни квалификации: -Високо образование во областа на финасиите и финансиското работење (средно сметководствено образование ќе се смета за предност) -минимум од 1 години работно искуство во сметководство или организација со финансиска дејност. -познавање на сметководство и сметководствена легислатива за непрофитни организации. -напредно познавање на MS Office софтверскиот пакет, познавање на финансиски апликации и инитернет пребарување. -солидни комуникациски способности, аналитичност и тимска работа -деталност, ефикасност, самостојност во работата и точност (имајќи ги во предвид роковите). Дискреција во работата со доверливи документи. -активно познавање на англиски јазик ОБВРСКИ И ОДГОВОРНОСТИ: Под директен надзор од финансискиот менаџер кандидатот ќе ги извршува следните активности: -сметководствена и хронолошка категоризација на сите трансакции и финансиски активности на организацијата, ажурирање на податоци за влез во главната книга. -подготвување на исплати, -подготвување на финансиски извештаи до донатори и институции, -собирање на податоци за подготвување извештаи за финансиското работење на програмите. -менаџирање на каса кеш исплати и уплати, -одржување на финансиската базата на податоци на правни и физички лица -одржување на финансиската архива, фотокопирање, праќање и примање на факс документи. -комуникација со соодветни институции во РМ., -извршување на различни канцелариски и административни активности, -други дополнителни активности
Краен рок за пријавување: 21.04.2010 (среда) најдоцна до 16 часот. Пополнетата апликација испратете ја на e-mail:
Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете
. Задоцнети и непотполни апликации нема да бидат земени во предвид за разгледување. Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју. Ве молиме, без телефонски јавувања.
|