powered_by.png, 1 kB

Почетна arrow Вести arrow Најново arrow СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИ- 24:00 часот
СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИ- 24:00 часот Испечати Е-пошта

Претседателски и Локални избори 2009

СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИ- 24:00 часот
22.03.2009, Скопје


Граѓанската асоцијација МОСТ, текот на Претседателските и Локалните избори 2009 го набљудуваше со распоредени 3750 набљудувачи, кои покриваа околу 65% од гласачките места.

Врз основа на податоците добиени од ПВТ (програмата за паралелно пребројување на гласовите) добиени се следните резултати:

  • Имер Селмани- 15,2%
  • Мируше Хоџа- 3,4%
  • Нано Ружин- 3,9%
  • Ѓорге Иванов- 34,8%
  • Љубе Бошковски- 14,8%
  • Агрон Буџаку- 7,9%
  • Љубомир Данаилов Фрчковски- 20,1%

Излезноста на граѓаните за Претседателските избори е 58,1%.

Добиените податоци се со 95% сигурност и со маргина на грешка не повеќе од 3%. Сакаме да напоменеме дека маргината на грешка не може да влијае во рангирањето на првата и втората позиција. Што се однесува до останатите петмина кандидати постои можност за промена на нивните позиции, во рамките на оваа маргина на грешка.

ПВТ центарот работи на собирање на податоците за Локалните избори за град Скопје и истите ќе бидат дополнително соопштени.

# # # # #

За дополнителни информации: Граѓанска асоцијација МОСТ, телефон 02/30 99 384
 
< Претходно   Следно >
© 2010 www.most.org.mk