powered_by.png, 1 kB

Почетна arrow Вести arrow Најново arrow СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИ- 19:00 часот
СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИ- 19:00 часот Испечати Е-пошта

Претседателски и Локални избори 2009

СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИ- 19:00 часот
22.03.2009, Скопје

Информациите кои во текот на денешниот ден Граѓанската Асоцијација МОСТ ги презентира пред јавноста се добиени од 3750 распоредени набљудувачи на гласачките места. Сите дојавени информации, преку систем на внатрешна проверка, МОСТ ги проверува и јавноста ја известува само за потврдени информации. Во процесот на набљудување, а и како дел од Меѓународната мрежа на организации за домашно набљудување на изборите (ЕНЕМО), МОСТ се води од меѓународните стандарди за домашно набљудување на избори и известување на јавноста, притоа почитувајќи го Кодексот за домашни набљудувачи пропишан од страна на ДИК.

Според потврдените информации, забележани се следните нарушувања на изборниот процес:

  • Гласачко место 0094 Битола, забележани се 23 случаи на гласање без употреба на УВ ламба.
  • На гласачкото место 1130 во село Лојане, општина Липково појавени се ливчиња со сериски броеви од друго гласачко место. Заради ова гласањето било во прекин 20 минути, и после направениот увид, истото продолжило.
  • На Гласачко место 2876 Чаир не работела УВ ламбата, но по интервенцијата направена од страна на ИО донесена е нова УВ ламба и гласањето продолжило.
  • На гласачките места во ОУ 26 Јули во општина Шуто Оризари забележана е појава на семејно гласање.
  • На ГМ 2234 Чашка, општина Чашка забележана е појава не непочитување на процедурата на гласање, односно непроверување на палец на гласачите.
  • На гласачкото место 279 с. Лисичани, општина Пласница забележана е константна појава на семејно гласање.
  • На ГМ 278 с. Пласница, Пласница гласањето било во прекин 1 час и 30 минути поради увид од страна на ОИК заради настанато недоразбирање околу гласачко ливче. Гласањето продолжило.
  • На ГМ 2920, Бутел не е почитувана процедурата на кинење на гласачките ливчиња од кочанот, така што ливчињата на гласачите им биле давани заедно со серискиот број. После направената интервенција, гласањето продолжило согласно пропишаната процедура.

Според податоците добиено од ПВТ програмата, одзивот на гласачите за Претседателските избори 2009 до 14 часот гласале  35,6%, до 15 часот 42,1%, до 16 часот 47,3%, до 17 часот 51,9% и до 18 часот  56,2% од запишаните гласачи.

На изборите за градоначалник и советници на град Скопје до 14 часот гласале 32,6%, до 15 часот    38,3%, до 16 часот 43,1%, до 17 часот 47,5% и до 18 часот 51,9% од запишаните гласачи

# # # # #

 За дополнителни информации: Граѓанска асоцијација МОСТ, телефон 02/30 99 384

 
< Претходно   Следно >
© 2010 www.most.org.mk