powered_by.png, 1 kB
Почетна arrow Едукација arrow Посети на Собрание
Посети на Собрание
   Секоја нова генерација на гласачи е одлична можност да се воспостават силни вредносни норми за значењето на граѓанските права и обврски, и придонесот на активните граѓани во развојот на демократското општество.

Во соработка со Собранието на Република Македонија, во периодот од 1-ви април 2003 год. до 10-ти јуни 2003 год., како волонтерска активност МОСТ го реализираше проектот Посети на Собранието на Република Македонија.

Овој проектот имаше едукативен карактер и беше наменет за ученици од 4-та година од неколку средните училишта во Скопје, односно за оние кои на следните избори за прв пат треба да излезат и да гласаат.

Основните цели во реализација на овој проект беа:
    *      доближување на институцијата Собрание, како највисок законодавен и претставнички дом до учениците;
    *      информирање на младите за процесот на донесување одлкуки, со цел нивно поактивно вклучување во демократските процеси;
    *      промовирање на Собранието на РМ како транспарентна и отворена институција;
    *      подобрување на комуникацијата помеѓу пратениците и идните гласачи;
    *      поттикнување на волонтеризам и вклучување на младата популација во севкупните општествено- политички процеси.  

За време на престојот во собраниската зграда учениците беа запознаени и со сите поединости на зградата, како што се салите за состаноци, салите за разни приеми и простории со историско и културно значење за Македонија.

Несомнено е дека ваков тип на едукација на младите допринесува да можат идните гласачи полесно да го направат својот избор, а со тоа и да бидат поттикнати да го остваруваат своето право на глас.
Наслов на прилогот Посети
Слики од посетата на СДУ „Никола Карев„ од Скопје 791
Слики од посетата на УЦ „Зеф Љуш Марку„ од Скопје 778
Слики од посетата на СДУ„Јосип Броз ТИТО„ од Скопје 712
Слики од посетата на ДЕУЦ „Васил Антевски Дрен“ од Скопје 865
 
<< Почеток < Претходна 1 Следна > Крај >>
Резултати 1 - 4 од 4
© 2010 www.most.org.mk