|
Проект: Домашно набљудување на Претседателските и локалните избори 2009
Изборниот процес претставува една од основните демократски вредности за функционално и плурално демократско општество.
Цел на проектот: Придонес кон транспарентен изборен процес, преку непартиско набљудување на сите сегменти на изборниот процес.
Специфични цели на проектот: - Да обезбеди учество на граѓаните во процесот на непартиско набљудување на изборите;
- Да осигура почитување на правото и законите при спроведување на гласањето на избирачките места;
- Да се подигне свеста кај граѓаните за нивните права и обврски за проверка на податоците во Избирачкиот список на РМ.
Активностите во проектот Домашно набљудување на Претседателските и локалните избори 2009 се поделени во неколку сегменти: - Воспоставување на мрежата за имплементација на проектните активности;
- Редовни брифинзи со регионалните координатори околу сите фази од проектот;
- Набљудување на предизборниот период;
- Регрутирање и обука на набљудувачите;
- Набљудување на гласањето на раселените лица, старите и изнемоштени лица, војниците и затворениците, кое се одржува еден ден пред денот на избори;
- Наблудување на денот на гласање (со обични набљудувачи, мобилни тимови, ПВТ набљудувачи, ротирачки набљудувачи и набљудувачи во ОИК и ДИК);
- Раководење на ПВТ програмот;
- Набљудување на постизборниот период;
- Анализа на извештаите и информирање на јавноста;
- Подготовка на финален извештај.
Проектот “Домашно набљудување на Претседателските и Локалните избори 2009“ е реализиран од страна на Граѓанска асоцијација МОСТ, со несебична поддршка од Американскиот народ преку УСАИД, како и од Амбасадата на Кралството Холандија, Шведската меѓународна агенција за развој, Амбасадата на Сојузна Република Германија, Швајцарската агенција за меѓународен развој, Амбасадата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Набљудувачката мисија на ОБСЕ во Скопје и Амбасада на Република Чешка. |