|
Проект: Домашно набљудување на Предвремени парламентарни избори 2008 Цел на проектот: Придонес кон транспарентен изборен процес, преку непартиско набљудување на сите сегменти на изборниот процес. Специфични цели на проектот: Да обезбеди учество на граѓаните во процесот на непартиско набљудување на изборите; Да осигура почитување на правото и законите при спроведување на гласањето на избирачките места; Да се подигне свеста кај граѓаните за нивните права и обврски за проверка на податоците во Избирачкиот список.
Активностите во проектот Домашно набљудување на предвремените Парламентарните избори 2008 се поделени во неколку сегменти: Собирање и процесирање на податоците за проверка на граѓаните во Избирачкиот список во подрачните единици на Министерството за правда (во периодот додека Единствениот избирачки список е на јавен увид); Регрутирање и обука на волонтери за домашни набљудувачи на изборите; Набљудување на предизборниот период и следење на почитувањето на Кодексот за слободни и фер избори; Набљудување на предвременото гласање на раселените лица, старите и изнемоштени лица, војниците, затворениците; Набљудување на денот на гласање (со обични набљудувачи, мобилни тимови, ПВТ набљудувачи, ротирачки набљудувачи и набљудувачи во ОИК и ДИК); Набљудување на постизборниот период; Анализирање на извештаите и информирање на јавноста.
Проектот “Домашно набљудување на Предвремените парламентарни избори 2008“ е поддржан од Амбасадата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Амбасадата на Кралството Холандија, Швајцарската агенција за развој и соработка, Амбасадата на Сојузна Република Германија, Амбасадата на САД, ОБСЕ Набљудувачката мисија во Скопје и Амбасадата на Кралството Норвешка. |
|
|
|
|