|
ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДА ЗА ИЗРАБОТКА НА БИЗНИС ПЛАН
УСЛОВИ ЗА АНГАЖМАН За изработка на Бизнис план за финансиска самоодржливост на проектот “Legal resource center” ВОВЕД: За спроведување на дел од активностите на проектот Правен ресурсен Центар МОСТ објавува конкурс за ангажман на независен експерт од областа на економијата, особено маркетинг, менаџмент и бизнис администрација. Целта е да се развие стратегија која ќе овозможи самоорджливост на проектот. ОБВРСКИ И ОДГОВОРНОСТИ: - Да изврши испитување и проценка на потенцијалот на пазарот во однос на различни модели за развој на ваков вид на портали; - Да изврши испитување и проценка на можностите и идните потенцијали на порталот www.pravo.org.mk и на секоја негова услуга и сервис посебно; - Да обезбеди процесот на испитување и проценка на пазарот да биде консултативен и со него да се опфатат сите профили на личности кои најчесто ги користат услугите на порталот; - Да подготви извештај со кој ќе бидат опфатени различни можности кои може да обезбедат самоодржливост на порталот; - Да развие детален бизнис план /стратегија со сеопфатна анализа на пазарот и потенцијалот за самоодржливост на порталот и за секоја негова услуга посебно; - Да подготви детален план за имплементација на бизнис планот со наведување на сите чекори кои се потребни за секој посебен модел за одржливост. ФИНАЛЕН ПРОИЗВОД: - Одржани консултации со сите заинтересирани страни; - Извештај со препораки за можностите на порталот www.pravo.org.mk и предлог за финансиска самоодржливост на проектот; - Изработен 3 годишен бизнис план за www.pravo.org.mk. ИЗГЛЕД НА БИЗНИС ПЛАНОТ: 1. Кратка содржина 2. Опис на бизнисот a. Мисија, цели b. Историја c. Производ/услуги d. Менаџмент тим 3. Маркетинг План a. Таргетен пазар b. Конкуренција c. Цена d. Побарувачка e. Дистрибуција f. Промоција и развивање брендот 4. Операционен план a. Истражување и развој b. Производство c. Продажба d. Грижа за корисници e. Персонал 5. Финансиски план 6. Анализа на ризик 7. Заклучок и предлог КВАЛИФИКАЦИЈА: - Надградена универзитетска диплома од областа на економијата, особено Бизнис администрација, Маркетинг или Менаџмент; - Солидна академска репутација и искуство во изработувањето на бизнис планови и испитување и проценка на пазар. - Познавање на најдобри маркетиншки практики и модалитети. - Одлични комуникациски способности и познавање на компјутерски технологии. - Одлично усно и писмено познавање на англискиот јазик. ПОДНЕСУВАЊЕ НА АПЛИКАЦИЈА:
Ваша кратка биографија и предлог понуда за изработка на бизнис планот (до 1 страница, вклучувајќи ги и трошоците за изработка на планот и за ваше ангажирање) пратете на
This email address is being protected from spam bots, you need Javascript enabled to view it
најдоцна до 10 септември 2008. Ве молиме без телефонски јавувања. Напомена: Рокот за поднесување на апликацијата се продолжува до 15.09.2008 СЕЛЕКЦИЈА:
ГРАЃАНСКАТА АСОЦИЈАЦИЈА МОСТ врз основа на доставените апликации ќе повика извесен број на кандидати на кратко интервју. Од повиканите, ќе се изврши избор на најдобар/и кандидат/и. |